-->
-->
Во недела ќе се трча на Газибаба
-->
Седмата традиционална атлетска трка Гази Баба ќе се одржи на 5.март во недела на трим патеката во „Парк шумата Гази Баба“. Трката е од отворен карактер за сите атлетски клубови, активни атлетичари, рекреативци, љубители на трчањето во природа, од нашата земја, како и надвор од нашите граници. Сите пријавени натпреварувачи добиваат: стартен број со чип; уникатно дизајниран финишер медал; on-line резултати не подоцна од 2 часа по трката; диплома во електронска верзија на вашиот меил; освежување за време и по трката; во здраво тело, здрав дух и многу забава. Патеката е прегледна, обележана околу целиот круг, пропратена со благи нагорнини и надолнини во нејзиниот тек, тревната, земјена површина и чакал, која е погодна за трчање со атлетски патики или со спринтерици.
Должината на патеката кај мажите изнесува 8 километри, а кај жените 5 километри. Патеката е кружна, еден круг е околу 1.300 метри и се трчаат кругови колку што е должината на трките. Организатор на трката е клубот Ендјуранс, а досега се имаат пријавено околу 150 натпреварувачи.
Вечерва на полноќ завршува рокот за пријавување, а ова е интернет адресата на која можете да се пријавите www.smartrace.club.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид