Во Неготино и Кавадарци одбележан Денот на народното востание
Во Неготино денеска беше одбележан Денот на востанието на македонскиот народ со положување цвеќе на бистите на загинатите првоборци.
За учеството на неготинчани во четиригодишната народноослободителна борба против тогашниот фашистички окупатор, говореше Петар Стефанов, секретар на Сојузот на борци од Неготино.
Тој потсети на првата жртва на фашизмот во Македонија, Диме Поп Атанасов, член на Месниот комитет на СКОЈ од Кавадарци, кој загинал во Дисанијата, неготинско.
- КПЈ за Неготино, СКОЈ и другите организирани облици, имале широко влијание и довреба меѓу населението кое било цврсто определено да се вклучи во вооружената борба и да ја помага. Како резултат на опсежните политички и воени подготовки, кон партизанскиот логор се упатила првата група партизани од Неготино, нагласи Стефанов.
Поголемиот дел од нив дома оставиле жени, деца, стари родители, фамилии на кои тие им биле единствени хранители.
Во темелот на слободата и новата држава, своите животи ги вградиле околу 160 борци и цивилни жртви од неготинскиот крај.
Со едноминутно молчење, им беше оддадена почит на сите загинати во Народноослободителната војна.
Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, празникот беше одбележан и во Кавадарци.
Ново на Сител
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот