-->
-->
Во Неготино на продажба четири парцели за изградба на винарии
-->
Државно градежно земјиште за изградба на винарии, објекти за индивидуално домување, фотоволтаични централи и парцела за изградба на капацитет од Г2-лесна и незагадувачка индустрија продава локалната самоуправа Неготино.
- Во реонот на село Курија на продажба се понудени четири градежни парцели со површина од 1.490 до 3.490 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат за изградба на винарии, четири градежни парцели за објекти за индивидуално домување со површина од 374 до 509 метри квадратни и почетна цена од 373 денари за квадрат, како и четири парцели за изградба на сончеви фотоволтаични централи со површина од 1.971 до 2.391 метар квадратен и почетна цена од 150 денари за квадрат, вели за МИА неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.
Општина Неготино воедно објави продажба и на една градежна парцела со површина од 1.698 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат, во Индустриската зона Урбан блок 1 во Неготино, со намена за изградба на капацитет од Г2 –лесна и незагадувачка индустрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!