Во несреќа на автопат во Индија прегазени 18 работници
Најмалку 18 работници, кои спиеле покрај патот, се прегазени кога камион со голема брзина удрил во автобус на автопат во Индија, соопшти денеска полицијата.
Повредени се уште 19 работници во несреќата која се случи доцна синоќа во областа Барабанки во индиската држава Утар Прадеш.
Локалниот полицаец Панкај Кумар Синг изјави дека автобусот со кој патувале работниците имал дефект, по што возачот го паркирал покрај автопатот. Работниците потоа заспале покрај патот во близина на автобусот.
– Неколку часа подоцна, камион кој се движел со голема брзина удрил во автобусот одзади, кој од ударот се поместил и ги прегазил работниците. Повеќето од жртвите загинаа на самото место, а неколку други им подлегнаа на повредите в болницата, објасни полицискиот службеник.
Синг истакна дека работниците се враќале од државите Харијана и Пенџаб во своите домови во соседната држава Бихар.
Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство поради смртта на работниците и додаде дека разговарал со државните власти да им се обезбеди соодветно лекување на повредените.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста