Во Нигер им се суди на над 1.000 џихадисти на Боко Харам

Во Нигер почна судење на членови на џихадистичкото движење Боко Харам, а процесот против повеќе од илјада припадници на ова движење е затворен за јавноста.
Главниот обвинител Шаибу Самна за француските медиуми изјави дека судењата почнале на 2 март.
-Обвинетите потекнуваат од неколку земји, меѓу кои Нигер, Мали и Нигерија, во која бунтот на Боко Харам почна во 2009 година, пред да се прошири надвор од границата на оваа земја, наведе Самна.
Тој, исто така, кажа дека Владата на Нигер на обвинителите им ги обезбедила потребните превозни средства за да стигнат до регионот Дифа, за самите судења да може да се изведуваат на „терен“, во близина на упориштата на Боко Харам.
-Некои од осомничените беа уапсени во текот на борбите во јужен Нигер, во близина на границата со упориштето на Боко Харам во Нигерија, рече еден од изворите во процесот.
Неименуван извор додаде дека некои осомничени се веќе осудени, а голем број се пуштени на слобода поради недостиг од докази.
Владата во декември најави дека ќе ги забрза процесите против групата Боко Харам, чии припадници се наоѓаат во затвор подолго од една година.
Проценката е дека се приведени околу 1.200 лица заради блиски врски со групата и тие од 2015 година чекаат на судења, наведува неименуваниот извор од безбедносните служби.
Во периодот од февруари 2015 година до септември 2016 година, Боко Харам уби најмалку 177 цивили во регионот Дифа, се наведува во извештај на Обединетите нации.
Ново на Сител
-

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег
-

Алиу: Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе
-

Двајца починати и четворица тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи
-

Изминатите два дена 1026 сообраќајни прекршоци, приведени пет лица за безобѕирно управување на возило
-

Лажни мејлови во име на директорот на БЈБ се шират низ Македонија, предупредува МВР
-

Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
