Македонија
17. January 2018 - 8:31

Во Њујорк нова рунда преговори Скопје – Атина

Нова рунда преговори, втора од нивното обновување, ќе се одржи денеска во Њујорк меѓу преговарачите на Македонија и на Грција Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. Тој во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ изјави дека нема да излезе со нов предлог за името, туку со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото. Нимиц оцени дека постои позитивен моментум во Скопје, додавајќи дека новата Влада е мошне заинтересирана да го реши спорот. Тој позитивна клима гледа и кај грчката страна.