Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста

Во Њујорк вчера се одржа прием во чест на 35 годишнината од независноста на Македонија. На настанот присуствуваше и високата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, дипломатски претставници, видни Македонци и претставници на други етнички заедници од дијаспората.
- Би сакал да се заблагодарам на сите што се оваа вечер овде со нас. Ви благодарам за се што правите за Македонија. Минатото никогаш не треба да го заборавиме, секогаш треба да си спомнеме за него, да учиме поуки и да не ги повторуваме грешките од минатото. Македонија е вашата татковина. Вратата дома секогаш ви е отворена. Целта на оваа македонска Влада е што повеќе македонски граѓани да се вратат во својата татковина, таму да инвестираат, таму да ја градат иднината на своите семејства, и таму да се грижат, заедно со Македонците и со останатите наши сограѓани за иднината на Македониј. дојдете, инвестирајте, создавајте во вашата татковина - изјави премиерот Мицкоски.
Пред собраните видни Македонци од дијаспората, и странски гости, премиерот Мицкоски ја претстави економската состојба во Македонија, пред се со фокус на високата стапка на раст на економијата.
- Во моментот можеби имаме најстабилна Влада во Европа, со отприлика двотретинско мнозинство во Парламентот. Таа стабилност гарантира реформи и испорака на економски резултати - изјави премиерот Мицкоски, посочувајќи го растот на бруто домашниот производ од 4.3 проценти.
Од друга страна, во услови кога на границите на Европа се водат жестоки војни, војната во Украина, кризата во арапскиот залив, енергетска криза каква што човештвото не памети. Сепак состојбата кај нас е прилично стабилна. Македонија е се што имаме и затоа вреди да се бориме за нејзино подобро утре. Ја очекувам вашата поддршка заеднички да ја исцртаме иднината за нашата татковина и на граѓаните кои што живеат таму - изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
