Во ноември и декември во Куманово регистрирани 26 пожари
Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на ноември и декември годинава регистрирале 26 пожари од кои 13 се случиле во ноември, а 13 од почетокот на декември, што во однос на истиот период лани, претставува незначително намалување на бројот на интервенциите кога во ноември биле регистрирани 18 интервенции.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски објаснува дека во овој период особено во декември интервенираат на пожари на индивидуални станбени објекти, куќи и станови, но не сакаше да прецизира која е причината за настанување на пожарите. Сепак, нагласува интервенираат на гасење пожари предизивикани од запалени оџаци.
- Има зголемување на број на пожари во последниве неколку денови во куќи, станбени згради и објекти. Во принцип секоја година се соочуваме со слични пожари во овој период од годинава, изјави Илиевски.
Тој нагласува дека никогаш не е доцна да се исчистат оџаците. - Кој не ја завршил таа обврска треба да си ја заврши што е можно побрзо, додава Илиевски.
Утрово, екипите на кумановската противпожарна единица интервенирале на пожар на запалена електрична локомотива на преминот во Ваксинце од 5:10 до 6:20 часот.
- Пожарот е локализиран делумно од машиновозачот и од екипата на ТППЕ Куманово, изјави Илиевски.
Додаде дека денеска гореше и внатрешност на објект во приватна сопственост лоциран на улицата „Индустриска“ на кој во пладневните часови интеревнираа пет возила од противпожарната единица. - Пожарот е ставен под контрола и се работи на негово целоносно ликвидирање, вели Илиевски.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска