Македонија
30. January 2021 - 18:40

Во обложувалница во Дебар организирани нелегални електронски трки на кучиња

Вчера околу 17.00 часот, при контрола во спортска обложувалница на ул.„8 Септември“ во Дебар, полициски службеници констатирале дека Г.Ц. од Дебар организирал игри на среќа со електронска трка на кучиња, без соодветна лиценца издадена од Министерството за финансии и без регистрирана фирма за вршење таква дејност, соопштуваат од МВР.

Притоа, повикан е инспектор од Државниот пазарен инспекторат и известена е Управата за јавни приходи.

По целосно документирање на случајот, против организаторот ќе бидат поднесени соодветни пријави.