Македонија
21. April 2017 - 12:51

Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“

Играниот филм „Дедо и внук“ на сценаристот и режисер Илија Пиперкоски во продукција на Пандора’с бокс продукција, а во соработка со Дрим Фектори и Елиен Филм, почна да се снима во Охрид.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија. Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал и Даниела Ивановска.

Авторска екипа ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија - Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, а продуцент на филмот е Огнен Антов.