Во октомври ќе започне катарската ера во Манчестер Јунајтед
Шеикот Јасем Бин Хамад Ал Тани до средината на октомври треба официјално да го преземе Манчестер Јунајтед од американското семејство Глејзер, пренесува британски „Сан“.
Извор близок до преговорите потсети дека шеикот Ал Тани пред неколку месеци понудил шест милијарди фунти за Манчестер Јунајтед.
Тој имаше конкуренција во британскиот милијардер Џим Ретклиф, кој беше подготвен да му дозволи на семејството Глејзер да задржи малцински удел во англискиот клуб.
Истиот извор истакна дека официјалното соопштение за продажба на Манчестер Јунајтед се очекува на почетокот на септември, откако правниот тим на Ал Тани ќе ја комплетира комплетната документација.
„Сан“ потсетува дека Ал Тани понудил шест милијарди фунти за купување на 100 отсто од акциите на клубот, отплата на целиот долг на Манчестер Јунајтед и посебен фонд за клубот и локалната заедница.
Семејството Глејзер во ноември минатата година објави дека размислува да го продаде Манчестер Јунајтед. Во 2005 година го купија клубот од „Олд Трафорд“ за 790 милиони фунти.
Британските медиуми наведуваат дека навивачите на „црвените ѓаволи“ очекуваат големи промени, бидејќи се надеваат дека Манчестер Јунајтед ќе се врати во самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“