Во општина Бутел 300 ученици од социјално ранливи семејства добија зимски јакни
Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, денеска им подели зимски јакни на 300 ученици од социјално ранливи семејства од основните училишта во општината. Детските зимски јакни се донација од компанијата „Здравје Радово“.
-За секоја пофалба се ваквите општествено корисни компании кои мислат на најмладите. Особено добредојдени се подароците во пресрет на новогодишните и божиќните празници кога дечињата се најрадосни. Во случајов, јакните ќе им бидат добредојдени на учениците за време на зимскиот распуст, изјави градоначалникот Смилевски.
Општина Бутел доби уште една донација од невладината организација „Македонски центар за граѓанско образование“ (МЦГО) во која има 100 јакни за возрасни, 100 дождовни мантили и 50 носачи за бебиња. Нивната распределба ќе биде направена по новогодишните празници.
Ново на Сител
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец

