Во Париз демонстрации за поддршка на украинскиот народ
Демонстрации против војната и поддршка на украинскиот народ се одржуваат оваа сабота во Париз и во повеќе француски градови, јави дописникот на МИА.
Во Париз, поворката од неколку илјади демонстранти се собра на Плоштадот на Републиката во 15 часот, при што се скандира „Солидарност со Украина“, „Путин убиец“ на француски, украински и руски јазик.
Викендов се одржуваат собири за поддршка на Украина во повеќе од сто градови во Франција како и во многу европски метрополи, на десеттиот ден од руската инвазија.
Здруженијата како СПС-Расизам и политичките партии како ЛРЕМ, ЛР, ЕЕЛВ или СП повикаа да се приклучат на демонстрациите во Париз. Кандидатот за заштита на животната средина за претседателските избори Јаник Жадо и неговата социјалистичка конкурентка Ан Идалго се присутни на демонстрациите.
Во Крезот (Сона и Лоара), неколку стотици луѓе се собраа на повикот на Колективот за мир, во знак на солидарност со украинскиот народ. Тие беа 500 во Сент Етјен и исто толку во Роан (Лоара), според полицијата.
Според оценките на полицијата ширум Франција денеска се очекуваат околу 25.000 демонстранти.
Ново на Сител
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Кичево
-
Епидемија на грип во пет области во Бугарија
-
Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија
-
Го оштетиле Буџетот за 11.004.500 денари - Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице
-
Земјотрес со јачина од 5,1 степен на грчкиот остров Лезбос
-
Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир
-
Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28
-
Најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка