Во Париз почнува Самит за климата, овојпат без САД

Во Париз, денеска почнува средба на врвот, посветена на климатските промени, наречена „Една планета“, но овојпат САД нема да бидат претставени од високи функционери.
Самитот „Една планета“ (One Planet Summit), е организиран на предлог на Франција, во соработка со ОН и Светска банка, а пред се поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД од климатскиот договор. Датумот не е избран случајно, туку поради симболиката што денеска се навршуваат точно две години откако на Меѓународната конференција на ОН за климатските промени беше усвоен историскиот Договор за борбата против глобалното затоплување.
Во пресрет на денешниот Самит, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека неговиот американски колега ќе понесе историска одговорност поради одлуката за повлекувањето од Парискиот договор за климата.
- Жалам, но го кажувам она што го мислам, а тоа е голема одговорност пред историјата и речиси сум сигурен, дека мојот пријател, претседателот Трамп, ќе го смени мислењето во следните месеци или години, изјави Макрон во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес.
Шефот на француската држава, оцени дека е „исклучително агресивно некој сам да донесе одлука“ за повлекување од договорот, склучен меѓу 190 држави во 2015 година.
- Не сум подготвен на нови преговори, но сум подготвен да го примам Трамп, доколку тој одлучи да се врати на договорот, истакна Макрон.
На прашањето какви му се односите со Трамп, Макрон истакна дека со неговиот американски колега разговарале многу отворено и оти односите им се многу директни.
Макрон ја нагласи историската природа на борбата против затоплување на климата.
- Ако одлучиме да не дејствуваме и да не го смениме начинот на кој го вршиме производството, начинот на кој инвестираме, ќе бидеме одговорни за милијарди жртви. Не сакам да бидам лидер кој ќе биде во таква ситуација, така што треба сега да дејствуваме, потенцираше францускиот претседател.
Точно две години откако на Меѓународната конференција на ОН за климатските промени беше усвоен историскиот Договор за борбата против глобалното затоплување, десетици светски челници ќе се сретнат денеска во Париз, со цел да ги забрзаат напорите кои се преземаат во тој правец. Самитот ќе биде посветен на клучното прашање за финансирање: како да се насочат светските пари во инвестициите кои се добри за животната средина и како да им се помогне на јужните држави.
Пеесетина шефови на држави или влади ќе допатуваат на островот Сегин на Сена, во западното предградие на Париз. Mеѓу нив ќе бидат и претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер, претседатели на африкански држави, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш... Големите загадувачи ќе бидат претставени од дипломати на пониско ниво, како во случајот на Кина, Индија или Канада.
САД ќе бидат претставени од вршителот на должност, но американски пратеници, претприемачи и претставници на различни фондови ќе бидат присутни, за да изнесат дополнителни гледишта од САД. Се очекуваат и претставници на големи светски финансиски институции, јавни и приватни, како и невладини организации, а најавено е присуство и на американскиот актер Леонардо ДиКаприо, активист за заштита на животната средина.
Француската Влада соопшти дека Самитот не е замислен да биде донаторска конференција.
До 2030 година за светските потреби за одржлива инфраструктура потребни се 90.000 милијарди долари.
Меѓународната заедница во 2015 година се обврза дека ќе преземе мерки за да го ограничи растот на просечните глобални температури на два степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период, но и покрај преземените обврски светот и натаму оди кон затоплување поголемо од три степени.
Министерскиот дел се одвива во форма на четири панели, а темите се: Како да се зголеми финансирањето за климатските активности, Грининиг финанирање на одржлива економија, Забрзување на акциите на локално и регионално ниво во однос на климата и Јакнење на политиката за еколошка и сеопфатна транзиција.
Ново на Сител
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
-

Преглед на вестите од светот
