Македонија
31. October 2021 - 14:46

Во Пехчево излезноста до 14 часот 42,18 проценти

Во Општина Пехчево до 14 часот во вториот круг од локалните избори од вкупно запишаните 4072 гласачи, гласале 1716 граѓани или 42,18 проценти.

-Гласањето се одвива тековно, проблемите што ги имавме со уредите за биометриска идентификација на гласачите во првиот круг, во вториот круг се надминати. До 14 часот во Пехчево вкупно гласале 42,18 проценти што за разлика од првиот круг до овој период разликата во излезноста е околу 17 проценти, изјави претседателката на Општинската изборна комисија Мануела Станоевска – Стоилковска.