-->
-->
Во Пехчево се реализира проектот ,,Младите и природата-партнери за иднината”
-->
Во пехчевскиот Едукативен центар за зачувување на природата во село Негрево, денес се одржа работилница за биодиверзитет, наменета за млади од 11-15 години. Активноста е дел од проектот ,,Младите и природата-партнери за иднината, кој со поддршка на Мрежата за рурален развој на РСМ, го релизираат здруженијата ,,Амброзија” и ,,Солза”.
-Во рамки на настанот, учесниците најпрвин собираа примероци од растителниот жив свет, што може да се сретне, во овој дел од Брегалничкиот регион. На работилницата извршија селекција и детерминација на собраните примероци, а беше организиран и краток квиз, за нивните познавања од оваа област, рече Јасминка Пашалиска Андоновска од здружението Амброзија.
Работилницата, како што додаде, е во соработка со Едукативниот центар за зачувување на природата и Еко одборот на деветолетката “Ванчо Китанов” од Пехчево.
Предходно, во рамки на овие активности, како што додадоа организаторите, беше реализирана едукативна екскурзија по ,,Патеката на Петко и шумските жители-Пехчевска авантура”, до локалитетот Јудови Ливади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете

