Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства
Тројца кавадарчани биле задржани во полиција рано изутринава, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца ги спречувале полицајците во преземање на службени дејства, информира денеска СВР Велес.
- Во 01.45 часот на улица „Киро Крстев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчаните А.Д.(44) и И.Т.(25) , затоа што при приведување на сограѓанинот К.Н.(41), кој агресивно се однесувал и им се заканувал на полициските службеници, ги спречувале при преземање на службените дејствија. А.Д., И.Т. и К.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека синоќа, пак, околу 23.30 часот во комплексот на спортската сала „Младост“ во Неготино, за време на одигрување на натпревар во футсал на Меморијален турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов 2024“, помеѓу две екипи од Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу играчите Ж.Д.(31) од село Долни Дисан, Неготинско и М.М.(29) од Скопје, по што турнирот бил прекинат. Од СВР Велес соопштија дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”
-
Трамп го номинираше Шон Дафи за министер за транспорт
-
Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе
-
Масовниот убиец Андреас Брејвик повторно бара предвремено пуштање од затвор
-
Утрото студено, преку ден променливо облачно
-
Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента