Во Полска уапсено лице осомничено за вмешаност во убиството на холандскиот новинар Питер де Врис

Триесетгодишен Полјак е уапсен во врска со убиството на познатиот холандски новинар за криминал Питер де Врис, јави ДПА, повикувајќи се на Обвинителството во Амстердам.
Осомничениот бил уапсен во Полска и треба да биде екстрадиран. Лицето е обвинето за соучесништво во подготовката на убиството. Новинарот беше застрелан во Амстердам на 6 јули минатата година, а девет дена подоцна им подлегна на здобиените повреди во нападот.
Осомничениот сторител и возачот на возилото со кое избега од местото на настанот беа уапсени набргу по пукотницата. Ним им се суди во главниот град на Холандија и за стореното дело може да добијат доживотни казни затвор.
Судиите се сомневаат дека зад убиството стои позната криминална група за шверц на наркотици. Де Врис беше доверлив човек на клучен сведок во судењето за големо убиство во кое беше вклучена предметната банда. Братот и адвокатот на клучниот сведок беа убиени уште пред нападот врз холандскиот новинар.
Ново на Сител
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
-

Бадникови поворки во Соборниот храм на традиционална средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
-

Шумер: Хаосот во Венецуела штотуку започнува, отворена е „Пандорината кутија“
-

Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија
-

Бадникарите во посета на домот за стари лица Мајка Тереза
