Македонија
22. July 2016 - 15:55

Во понеделник 15 минути во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, помеѓу планински превој Пресека и село Врбјани,  во понеделник ќе биде во прекин околу 15 минути, од 13 до 15 часот. 

Во тој период ќе се изведуваат работи на патот  со минирање, информира Дисперечскиот центар на Автомото сојузот на Македонија.