-->
-->
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-->
Бројот на загинати во невремето што ги зафати Авганистан и Пакистан се искачи на 137 луѓе. Регионот е погоден од поројни дождови, а во некои области и денеска се очекуваат нови обилни врнежи.
Во Пакистан загинаа најмалку 67 лица, а во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба поради лошата инфраструктура.
Додека во Авганистан во невремето загинаа околу 70 луѓе, повредени се 56 лица, а 2.627 куќи се оштетени.
Во текот на изминатите неколку месеци во Авганистан обилните врнежи од снег и дожд предизвикаа голем број смртни случаи.
Според метеоролозите екстремните временски појави, поплави и суши се во пораст во Авганистан и Пакистан поради климатските промени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот