-->
-->
Во последните четири дена во Медитеранот загинаа најмалку 54 мигранти, а 10.000 се спасени
-->
Крај либискиот брег од средата до саботата беа спасени околу 10.000 мигранти, а најмалку 54 лица, за жал, загинаа во обид да стигнат до Европа по море, соопштија Крајбрежните стражи на Италија и Либија, цитирани од француските медиуми.
Туниската армија вчера спасила 126 мигранти од Субсахарска Африка од брод што тонел крај брегот на Либија. Во петокот над 1.230 мигранти беа качени на либиски бродови и вратени во Триполи и Савија, а 2.200 беа качени на воени и трговски бродови, координирани од италијанската Крајбрежна стража, и однесени кон Италија.
Италијанската Крајбрежна стража вчера соопшти за 10 пронајдени трупови, а во текот предходните денови беше соопштено за уште 44 загинати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата
-
Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден