Македонија
14. October 2016 - 18:08

Во пожар уништена котларницата за парно греење во општина Тетово

Котларата од системот за греење во општина Тетово изгоре во пожар кој избувна претпладнево околу 10 часот. За среќа при пожарот нема повредени. 
 
Тетовските пожарникарите за околу еден час успеаа да го стават под контрола и целосно да го изгаснат огнот. Спречено е огнот да ги зафати околни станбени куќи. 
 
По гаснењето на пожарот започна увид на надлежните служби по што треба да се дознаат точните причини за избувнувањето.