Во пожар во гостиварска Долна Бањица изгоре работилница за мебел
Во пожар кој доцна синоќа избил во гостиварското село Долна Бањица изгоре работилница за мебел и помошен објект. Во гаснењето на пожарот двајца пожарникари се задобиле со телесни повреди.
Според првичните сознанија огнот се појавил околу 22 часот, по што била повикана противпожарната единица. Заради запалливите материјали огнот брзо се проширил и на станбениот објект, а интервенцијата на пожарникарите била насочена кон заштита на околните куќи. Пожарот бил локализиран утрово околу петж часот, а на помош притекнале и пожарникарите од Тетово. Штетата по
опожарувањето дополнително ќе се утврдува, но извесно е дека таа е голема.
Медицинска помош побарале двајца пожарникари кои при гаснењето се задобиле со телесни повреди.
Повеќе детаљи за пожарот што ги вознемири жителите на околните населби Дутлок и Долна Бањица ќе бидат познати по увидот што се очекува да започне денеска пртпладне.
Ново на Сител
-
Сообраќајот тековно, во зимски услови
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари