Во пожари во САД изгореа 20-тина куќи и илјадници хектари шума
Опасност од пожари вчера е прогласена во три американски сојузни држави, а високите температури на воздухот предизвикаа шумски пожари во Калифорнија и Ново Мексико, каде изгореа илјадници хектари.
Опасност од избувнување на пожари е прогасена и во јужна Калифорнија, во Невада и во Аризона. Опасноста е поголема поради сушата.
Повеќе од 2.000 пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот во калифорнискиот округ Санта Барбара, при што изгореа 3.000 хектари шума.
Во пожарот пак во Ново Мексико изгореа дваесетина куќи и над 7.000 хектари шума. Во гаснењето на огнот учествуваа речиси илјада луѓе.
На Алјаска исто така е прогласена опасност од пожар во источниот дел на Алјаскиот планински ланец, каде ветровите достигнуваат брзина од речиси стотина километри на час.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски