Балкан
3. September 2023 - 12:03

Во пожарот во грчката област Еврос, активен веќе 16 дена, изгорената површина надминува 93.500 хектари

Вкупната површина изгорена од шумскиот пожар во областа Еврос во североисточниот дел на Грција надминува 93.500 хектари, според сателитски податоци од Службата за брзо мапирање Коперник на Европската комисија обработени од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метето, јави дописничката на МИА од Атина.

Анализираните податоци што утрово ги објави Метео се заклучно со вчера претпладне, а од опожарените 93.500 хектари, речиси половина, односно 47 отсто (44.018 хектари) се однесуваат на шумски површини.

Пожарот во Еврос веќе 16 дена е вон контрола, а денеска активни се две жаришта. Во гаснењето интервенираат 582 пожарникари со 122 возила, 16 пешадиски тима, осум авиони и два хеликоптери.