Во прекин железнички сообраќај

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија и понатаму е во прекин, откако од вчера напладне машиновозачите ги бојкотираат работните задачи незадоволни од доцнењето во исплатата на платите.
Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, а според дел од синдикатите во МЖ Транспорт, пак, пуштени се само три воза за транспорт на мигранти.
Според Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија (НСМПМ), бојкотот е поради доцнењето на исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што бараат средба со премиерот Никола Груевски, бидејќи не се задоволни од досегашните разговори со раководството на МЖ Транспорт и со ресорното министерство.
- Нема да ги исполнуваме работните задачи се додека не се оствари средбата што ја бараме, и не се исплати во целост платата за јули. За платата за август бараме почитување на законските одредби за исплата најдоцна до 25 овој месец, изјави претседателот на НСМПМ Душко Чакаровски.
Ново на Сител
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
