Во Прилеп одбележан Денот на македонската револуционерна борба

По повод 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, денеска делегации на локалната самоуправа, на Сојузот на борци, на партии и граѓани положија цвеќиња и им оддадоа почит на македонските дејци и борците што ги дал Прилеп.
Почит им беше оддадена на идеолозите на Внатрешната македонска револуционерна организација Пере Тошев и Ѓорче Петров, на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто пред нивните споменици во центарот на градот и на загинатите борци чии мошти почиваат на Могилата на непобедените.
Според прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески, Прилеп секогаш имал активна улога во континуираната борба на македонскиот народ за национално ослободување.
- Прилеп дал плејада дејци. Уште од почетокот на македонската револуционерна борба ги дал и идеолозите на ВМРО, Пере Тошев и Ѓорче Петров. Им оддаваме почит и нивните битки современите генерации ги трансформираа во свои стремежи Македонија да е економски просперитетна и дел од Европското семејство држави, зачувување на националниот интегритет и јазик, рече Ристески.
За Методија Костоски од Сојузот на борци, НОБ е континуитет на македонските револуционерни стремежи. - Првите партизански чети ги носеа имињата на револуционерните и илинденски борци меѓу кои Гоце Делчев, Пере Тошев, рече Костоски.
Ново на Сител
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
