Македонија
6. јуни 2021 - 12:11

Во Прилеп повредени две лица откако со автомобил излетале од патот

Вчера во 15.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.,,Карпалак“ во Прилеп, М.К.(38) од с.Куклиш, струмичко, управувајќи патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираа од МВР.

Во незгодата, сопатникот В.М.(31) од с.Куклиш се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот С.Џ.(45) од Прилеп се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.