Во Пробиштип гласањето за околу два часа ќе се продолжи на две избирачки места
Во Пробиштип на 46-те избирачки места до 17 часот своето право на глас го искористиле 63,91 проценти од гласачите. Претседателот на ОИК-Пробиштип, Јорданчо Димитриевски за МИА вели дека излезноста е поголема за разлика од првиот круг.
-Според овој процент на излезност се очекува да имаме поголема излезност за седум отсто во споредба со првиот круг, кога на гласање излегоа околу 68 отсто од граѓаните, дополни Димитриевски.
Во Општина Пробиштип гласањето за околу два часа ќе биде продолжено на две избирачки места. Станува збор за избирачкото место 15 66/1 во Злетово и 15 72 во село Древен. Во Злетово ќе се затвори во 20.55 часот, а во Древен во 21 часот, бидејќи имаше технички проблеми со апаратите за отпечаток на прст. Димитриевски забележува дека изборниот ден е мирен и досега немаат никакви пријави.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
