Во Ранковце се штанцале изводи - матичарите парите ги пикале во џеб
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Д.(58), од Крива Паланка, и К.Ј.(62), од Општина Ранковце, самостојни референти – Матичари во Месните канцеларии во с.Ранковце и с.Петралица за сторено продолжено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување”.
Во периодот од 2011 година до 2013 година, пријавените издале изводи од матичната книга на родени, венчани и умрени–обични и интернационални, без платена административна такса од 100 денари. Имено Д.Д., во месната
канцеларија во село Ранковце, издал изводи за вкупно 1.473 барања, додека К.Ј., за с.Петралица издал изводи за вкупно 124 брања, и на тој начин прибавиле протиправна имотна корист во вкупен износ од 159.700 денари, а на штета на Буџетот на Р Македонија.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски