Во регионот на Париз уапсени речиси 300 лица, 71 ставени во домашен притвор

Од терористичките напади во Париз, на 13 ноември, до денеска во регионот на Париз се уапсени речиси 300 лица, изјави шефот на париската полиција Мишел Кадо, пренесе Танјуг.
- Вкупно 298 лица се наоѓаат во затвор, додека 71 лице е во домашен притвор, прецизираше Кадо.
Тој додаде дека ширум регионот, вклучувајќи го и Париз, се разместени 10.200 полицајци и 6.400 војници, чиј приоритет се станиците, аеродромите, големите јавни објекти, владини згради, установи на културата, медиумски компании и болници, пренесуваат француските медиуми.
-Нивото на закана останува зголемено, рече Кадо додавајќи дека на Интернет се објавуваат заканувачки пораки од Исламска држава во кои Франција е јасна цел.
Кадо наведе дека по нападот е забележен извесен број расистички или антиисламски испади, но тој ја пофали главно одговорната реакција на француската јавност.
Ново на Сител
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот
