Во Ресен засадени 300 декоративни садници, најава за акцијата „Ден на дрвото“

Екипи на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен вчера и денеска засадија 300 декоративни дрвца на повеќе локации низ градот, со што ја најавија 16. Акција „Ден на дрвото“, која ќе се одржи утре низ цела Македонија.
Во рамките на акцијата што годинава се одвива под мотото „Засади успех“ утре на територијата на општина Ресен предвидено е да бидат засадени околу 1.000 садници. Ќе се сади питом костен и црн бор на површина од 2 хектари во атарот на селото Сливница во близина на Преспанското Езеро.
Во акцијата ќе земат учество ученици од основните и средните училишта во општината, граѓани, претставници на локалната самоуправа и државни институции. За поголема масовност во акцијата општина Ресен организира бесплатен превоз до локацијата каде што ќе се раззеленува.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
