Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
Разговорите меѓу претставниците на САД и на Украина започнаа денеска во Ријад, а агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура, изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводи украинската делегација во Саудиска Арабија.
Разговорите меѓу претставниците на САД и на Украина започнаа денеска во Ријад, а агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура, изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводи украинската делегација во Саудиска Арабија.
Започнавме состанок со американскиот тим во Ријад. Ја спроведуваме директивата на украинскиот претседател да напредуваме кон постигнување праведен мир и зајакнување на безбедноста, Умеров на Фејсбук.
По денешните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија, ќе следи средба меѓу делегациите на САД и на Русија.
Разговорите на американските претставници со деелгациите на Украина и на Русија продолжуваат утре.
Се очекува фокусот во Ријад да биде ставен на предлогот на САД за заштита на пловидбата во Црното Море со спроведување на ограничен поморски прекин на огнот.
Украинската делегација во Ријад ја предводат министерот за одбрана Умеров и заменик-шефот на претседателскиот кабинет Павло Палис.
Во руската делегација, пак, се Григориј Карасин, поранешен дипломат и актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација и Сергеј Бесед, советник на директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Не е предвидена директна комуникација меѓу делегациите на Украина и на Русија.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани
-
ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 април со сведочење на Палевски