Во Росоман поднесени 750 барања за надоместок на штети од пролетниот мраз

Седумстотини и педесет барања за надоместок на штети од пролетниот мраз се поднесени во канцеларијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Росоман, која е дел од кавадаречката Подрачна единица.
Тошо Костов, претседател на една од комисиите за проценка на штети, денеска информираше дека во Росоман најмногу штети има кај овошките, а во околните села кај лозјата. Се работи за населените места Сирково, Камен дол, Рибарци, Манастирец, Трстеник, Дебриште и Паликура.
- Процентот на мрзнење зависи од местоположбата и се движи од дваесет до сто проценти. Најголеми последици од пролетните ниски температури има покрај Црна Река и по депресивните места од општината, нагласи Костов.
Тој соопшти дека на општинско ниво, најголеми штети од пролетниот мраз има покрај реката Црна во Паликура и Росоман, а последици на помали површини има во Камен дол, Манастирец и Трстеник.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
