-->
-->
Во Русија годинава исчезнале околу 1.500 деца
-->
Во текот на 2017 година на територијата на Русија исчезнаа околу 1.500 деца, изјави денеска раководителот на Истражниот директорат при руското Министерство за внатрешни работи, Андреј Шчуров.
- Годинава не се пронајдени околу 1.500 деца, што е навистина голема бројка, изјави Шчуров во обраќање на Тркалезната маса под наслов „Законска поддршка и соработка меѓу државата и општеството во потрага по исчезнатите деца во Русија“, што го организира Горниот дом на рускиот Парламент.
Според податоците на руското Министерство за внатрешни работи во текот на оваа година полицијата примила околу 20.000 пријави за исчезнати деца. Околу 14.000 од нив биле пронајдени од страна на полицајци или волонтери во период од еден до три дена по исчезнувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност