Македонија
29. March 2018 - 15:25

Во руската амбасада отворена книга на жалост за трагедијата во Кемерово

Во амбасадата на Руската Федерација во Македонија денеска е отворена книга на жалост, поради трагедијата што се случи во рускиот град Кемерово, која однесе 64 животи.

Во книгата се потпиша рускиот амбасадор во земјава Олег Шчербак, како и други амбасадори и меѓународни претставници во земјава, и граѓани.

Руска амбасада

Книгата ќе биде отворена денеска до 17 часот.

Во пожарот што избувна во неделата во трговски центар во рускиот град Кемерово, загинаа 64 лица, од кои 41 дете.