Македонија
4. April 2024 - 16:34

Во сабота без термин за фотографирање за лична карта и пасош на граѓани кои имаат 18 години, а немаат документи

Граѓаните што наполниле 18 години, а немаат извадено лична карта или пасош, во сабота ќе може да се сликаат без термин од 8 часот утрото до 15 часот во управните служби на МВР. Во Скопје тоа ќе биде во пунктот на полициската станица “Пролет”.

Во моментов околу 450 граѓани кои наполниле 18 години на територија на Македонија немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

За да можат да гласаат, оние што ќе се сликаат во сабота, документите ќе им бидат готови пред првиот круг на изборите.

Во моментов над 55 илјади граѓани кои се сликале за пасош  и 33 илјади граѓани кои се сликале за лична карта чекаат на одобрување за да започне печатењето.