-->
-->
Во сабота полициски час од 19 часот, во недела од 14 до 05 часот во вторник
-->
На денешната владина седница треба да се одлучи за времетраењето на полицискиот час во текот на викендот. Пред два дена Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да трае 58 часа односно да започне во сабота во 19 часот и да трае до вторник до 05 часот наутро.
Она што го има Сител како неофицијална информација е дека утрешниот ден ќе помине вообичаено, полицискиот час ќе започне во 19 часот попладне ќе трае до 05 часот во недела и потоа ќе продолжи во недела во 14 часот и ќе трае до вторник до 05 часот наутро.
Сепак ова се неофицијални информации, се чека на одговор од Владата.
Доколку се случи Владата да одлучи да не биде целосен викенд карантин ова ќе биде прв пат владата да не ја послуша Комисијата за заразни болести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Новогодишната кошничка се покажа целосно промашена
-
Илире Даути си поднесе оставка
-
Од утре стабилно време со позитивни дневни температури
-
Пешак тешко повреден во сообраќајка во близина на трговската зона во Струга
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Продолжува протестот организиран од УПОЗ, 988 вработени немаат земено декемвриска плата
-
Украина собори 34 од 55 руски беспилотни летала
-
Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков