Во САД измамници одзеле 163 милијарди долари како надомест за невработеност во пандемијата
Според генералниот инспектор на Министерството за труд против повеќе од 1.000 лица во САД се покренати кривични пријави за измами со надомест за невработеност за време на Ковид-19 пандемијата.
Десетици се веќе уапсени, но има илјадници се уште неоткриени, додека стотина милијарди долари треба да бидат лоцирани, за кои се верува дека се украдени со помош на лажни пријави, јави денеска Ен-пи-ар.
Според Министерството за труд на САД, на национално ниво 163 милијарди долари би можеле да бидат исплатени неправилно на отпуштените од работа за време на Ковид пандемијата.
Одделот за вработување и развој на Калифорнија смета дека измамниците успеале да земат над 20 милијарди долари или 11 отсто од вкупната сума доделена за државата. Ова е најголемата досега украдена пандемиски сума пари споредено со другите сојузни држави.
Главен начин за незаконско добивање на средствата е лажно пријавување со украдени социјални броеви и измислени или украдени имиња, укажува службеник од министерството. Овие податоци се продаваат на даркнет од хакери и се користат од организирани групи. Но, има и индивидуалци кои работат самостојно и живеат од владините програми за помош користејќи ги пропустите во системот вклучително и со пандемискиот надомест, велат познавачите.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, за време на Ковид-19, сојузните и државните органи се фокусираа на брзината на распределување на помошта во висина од пет трилиони долари и ја занемарија безбедноста и проверката на податоците на пријавените, за да се олесни најголемата економска криза од Големата депресија.
Властите досега одзедоа околу една милијарда долари од сметки на дебитни картички оформени со измама. Национална оперативна група за идентификација на измамите е активирана од Министерството за правда. ФБИ и областните обвинители во повеќе сојузни држави продолжуваат со истрагата за која се очекува да трае со месеци.
Ново на Сител
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии
-
Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено
-
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“