Во САД се формира комисија против руското политичко влијание во светот
Претставничкиот дом на Конгресот во САД прифати нацрт-закон за разузнавачка политика во кој се повикува да биде формирана посебна екипа за против-мерки на руското политичко влијание во светот.
Нацрт-законот го поднесоа републиканци и демократи и е прифатен со 390 гласови „за“ и 30 „против“. Поврзан е со закани за националната безбедност на САД, со дејноста на американските разузнавања и контрола од страна на Конгресот.
Во него има и таен анекс.
Во нацрт-законот се повикува на формирање нова работна група што ќе се спротиставува на обидите на Русија „тајно да влијае врз лица и влади“.
Се очекува Сенатот да гласа за нацрт-законот за разузнавањето пред крајот на годината.
Во законот се орпеделуваат и нови правила со кои се ограничуваат патувања на руски дипломати и конзули во САД.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова ги критикуваше тие предлози. - Ако во Вашингтон навистина одлучат да ги изменат постоечките договори, ние ќе дејствуваме соодветно за американските дипломати во Русија, изјави таа.
Ново на Сител
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед