Во САД за половина година уништени над 15 милиони дози вакцини против Ковид-19
Најмалку 15 милиони дози вакцини против Ковид-19 вакцини се фрлени во САД од 1 март, јави американската телевизија Ен-Би-Си која се повикува на информации добиени од американските здравствени власти.
Тој број пропадната дози е пријавен од американските држави или аптеки каде што се даваат вакцините од Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), највисоката федерална агенција за јавно здравје во земјата. Тој број веројатно е потценет бидејќи неколку држави или федерални агенции не доставиле податоци.
Причините за фрлање дози се различни – или поминат рок, грешка во разредување, проблеми со ладењето, испукани шишиња. Покрај тоа, едно шишенце има повеќе дози, па кога ќе се отвори, другите дози мора да се користат во следните неколку часа, и затоа понекогаш се фрлаат ако не се најде лице кое ќе прими вакцина. Двата национални синџири за аптеки Walgreens и CVS објавија по два милиона пропаднати дози, а Wallmart и Rite Aid објавија по повеќе од еден милион.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден