Во Сараево приведени седум лица поради организиран криминал
Припадици на Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) приведоа седум луѓе и извршија претрес на неколку објекти во Сараево во рамките на операцијата „Урбан“ проти ворганизиран криминал.
Меѓу приведените се поранешниот министер за образование на кантонот Сараево и професор на Електротехничкиот факултет при Сараевскиот универзитет Фахрудин Оручевиќ, поранешниот декан на Факултетот Нарцис Бехлиловиќ и заменик-деканот Ирфан Турковиќ.
Тие се обвинети за организиран криминал, злоупотреба на службената положба, поттикнување на криминал и даночни измами.
Истрагата утврдила дека поранешното раководство на Електротехничкиот факултет договорило со приватна фирма реновирање на зградата на Факултетот на компензација за земјиште од 5.000 метри квадратни во престижен реон на Сараево, за кое се утврди дека е сопственост на кантонот, а не на Факултетот.
Според СИПА тие со тоа го оштетиле бу=џетот на кантонот Сараево за најмалку три милиони конвертибилни марки (1,5 милиони евра).
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев