Во секој момент се можни терористички напади во Германија
Германија може да биде цел на терористички напади во секое време, се вели во извештајот на владините безбедоснки агенции чии делови пренесува весникот „Билд“.
Според информациите доставени до германската Влада во јуни, како што јави дописникот на МИА од Берлин, постои реална опасност да бидат нападнати цели во авионскиот и железничкиот сообраќај, фреквентни локации како панаѓури, пазари и фестивали,
- Сојузна Република Германија е декларирана и активна цел за џихадистичко насилство. Германските агенции и интереси се предмет на хипотетичка закана во земјата, како и во странство, се вели во извештајот.
Според „Билд“, постои зголемен ризик дека симпатизери на терористички организации, кои немаат директна врска со нив можат да спроведат независни напади. Според извештајот, постои речиси сигурна закана и долгорочна закана од џихадисти-повратници од Сирија и Ирак.
Извештајот бил подготвен еден месец пред нападите во Германија што се случија на средината на јули, кога 17-годишен Авганистанец со секира нападна патници во воз, а Иранец уби девет лица во Минхен.
Подоцна Германија се соочи со и со експлозија на бомба поставена од Сириец пред музички фестивал во Баварија, а друг терорист од Сирија со мачета уби една жена близу Штудгарт.
Ново на Сител
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции