Македонија
18. March 2016 - 8:24

Во село Лисиче намален доток на вода

Жителите од селото Лисиче денеска од 7:30 часот ќе имаат намален притисок на вода. 

Причината за тоа е поставување на водоводен приклучок на булеварот Србија до Џеваир Холдинг во населбата Аеродром, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, повикувајќи се на известување од „Водовод и канализација“.

Намален доток во селото Лисиче ќе има се до завршување на активностите од страна на Водовод и канализација.