Во Шпанија уапсени три лица поради врски со исламисти

Шпанската полиција уапси три лица осомничени за врски со воинствени исламистички организации, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи, пренесува БТА.
Две лица се уапсени во северноафриканската шпански енклава Сеута, а третиот - во северниот град Фигерас.
Двајцата уапсени во Сеута поминале долг процес на радикализација и основале група која достигнала напредна фаза во подготовката на терористички напад.
Шпанската полиција открила пиштол и три неогнестрелни оружје при претресот на шест згради во Сеута, која се наоѓа меѓу Мароко и Медитеранот.
Подоцна Министерството соопшти дека во Фигерас е уапсен Мароканец со холандски документи, кој е осомничен член на „Исламска држава" и најверојатно се вратил пред неколку дена во Шпанија, по престој во зона на конфликт.
Откако беше зголемен степенот на закана за безбедноста во 2015 година, во Шпанија уапсени се 181 лице, обвинети за врски со исламистички групи.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
