Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе

Во Шпанија минатиот месец регистрирани се 1.028 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Европа. Најголем број жртви има во Каталонија, Баскија, Кастиља и Леон, Мадрид и во Андалузија.
Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со 407 смртни случаи регистрирани во јуни 2025 година.
На 23 јуни е регистриран најжешкиот јунски ден досега, со просечна температура од 29,6 степени за цела Шпанија. Според податоците на Министерството за здравство 35,7 милиони луѓе односно околу 73 проценти од шпанското население биле во подрачје во кое било издадено предупредување поради екстремно топлото време.
Метеоролозите наведуваат дека во Шпанија годинава имало 42 дена со невообичаено високи температури. Во многу градови, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, додека највисоката од 45,1 степени измерена е во Андухар, Андалузија.
МИА
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
