Свет
21. August 2020 - 18:44

Во Шпанија за еден ден регистрирани 3.650 новозаболени од Ковид-19

Во Шпанија во изминатите 24 часа регистрирани се 3.650 нови случаи на Ковид-19, што е за 300 повеќе од претходниот ден, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Вкупниот број на инфицирани луѓе со новиот коронавирус се искачи на 396.054.

Во изминатите седум дена од последици од новиот коронавирус во Шпанија починаа 125 лица.