Во Штип до 13 часот излезноста 38,6 отсто

Мирно и без проблеми се гласа на 80 избирачки места во општина Штип, каде до 13 часот своето право на глас го искористиле 38,6 отсто или 16.157 избирачи кои се евидентирани во Избирачкиот список, соопшти Весна Зенделова, член на ОИК-Штип.
Таа изјави дека најголема излезност е забележана на едно од избирачките места во населбата Баби, а најмала нна гласачкото место во Народниот театар во Штип.
За разлика од првиот изборен круг, до 13 часот денеска забележана е зголемена излезност за речиси два отсто.
Во Пробиштип, до 13 часот своето право на глас го искористиле 4.939 гласачи или 38,22 проценти.
Во Штип со право на глас се вкупно 42.083 граѓани.
Во Источна Македонија втор круг од локалните избори се спроведува во вкупно седум општини, каде што има 223 избирачки места, а право на глас имаат 90.727 граѓани.
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
