Во Штип исплатени штетите од минатогодишните поплави

Општина Штип и Владата на Република Македонија на 75 домаќинства од штипскиот регион им ги исплатија штетите од минатогодишните поплави. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција истакна дека на сметките на земјоделците и на сопствениците на викенд куќи за штетите, кои ги имаа од поплавите во нивните објекти или фарми се исплатени 2.241.010 денари.
- За разлика од порано кога се исплаќаше само 15 отсто од утврдената штета, сега станува збор за 100 отсто обештетување што беше најавено од поранешниот премиер и претставници на Владата на Република Македонија при ланската посета во Штип, кога се случија поплавите, на крајот на јануари и во февруари 2015 година, рече Ристов.
Тој додаде дека пред неколку месеци се исплатени и штетите од поплавите, кои ги имаа земјоделците на нивните ниви и земјоделски култури.
Ново на Сител
-

Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
-

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“
-

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
