Во Штип ќе се градат два нови кружни текови

Црните сообраќајни точки на два булевара во Штип ќе се решаваат со изградба на кружни текови. Урбанистите од Секторот за урбанизам почнаа со изготовка на проекти за изградба на два кружни текови во Штип, информира денеска техничкиот раководител во ЈП „Стипион“-Штип, Александар Југов.
Југов појасни дека едниот ќе биде на крстосницата во населбата Сењак меѓу улиците „Сремски фронт“ и „Џемал Бједиќ“, а вториот кружен тек е на булеварот „Гоце Делчев“, каде се вклучува улицата „Велјко Влаховиќ“, односно кај стара Алумина.
По изготовката на проектите ќе се утврди и колку средства ќе бидат потребни за да се издвојат од буџетот на Општина Штип.
Југов вели причините за изградбата на новите кружни текови е за да се зголеми безбедност на возачите, но и на пешаците на овие булевари, кои водат до основни и средни училишта, градинки и кон индустрискиот дел на градот.
- На тие два булевари по евиденцијата на СВР-Штип имаме добиено статистика во која што има најголем број на жртви имаат регистрирано за пешаци, а исто така и голем број на сообраќајни несреќи и тоа токму на овие две крстосници. Се со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот се прават двата нови проекти, рече Југов.
Тој појасни дека по изработката на проектите, општината треба да добие градежно одобрение по што веднаш ќе почне и изградбата на кружните текови.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
